Во емисијата тој исто така ги искоментира и советниците на премиерот Заев кои според Милчин се купени за да ги аминуваат политиките на власта.

Објавил: Перо Милчин | 6 јуни, 2019 22:41

ВЛАДИМИР МИЛЧИН: „Собранието се уште го нема преземено својот авторитет„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во вечерашната емисија на Канал 5 „Само Вистина“ гостуваше режисерот и директор на Факултетот за драмски уметности, Владимир Милчин. Тој рече Собранието се уште го нема преземено својот авторитет.

Режисерот во вечерашната емисија „Само Вистина„ на Канал 5, изјави дека менувањето на новиот состав на европскиот совет во овој момент е лошо за земјава. Тој рече наместо да се намали ризикот на половина пат од зацртаната цел, сега стравуваме дека може повторно да западнеме во една бездна.

И да ја примил и разбрал премиерот пораката дека треба да има голема „чистка“, не сум убеден дека ист фидбек добивме и од коалициониот партнер ДУИ, една реална самокритика не слушнав досега, изјави режисерот Владимир Милчин.

Во емисијата тој исто така ги искоментира и советниците на премиерот Заев кои според Милчин се купени за да ги аминуваат политиките на власта.

-Има два збора кај нас кои се појасни кога ќе ги преведеме на турски.

Едното е поткуп, тоа е рушвет. А второто е советници, а во нашиот случај аминџии. Како да ви кажам советниците во, советниците обично битна задача е да му укажуваат на тој кого советуваат, тие се платени не за да климаат со глава туку да укажуваат на ризиците на опасностите ако се направи нешто или ако не се направи, ако се направи прерано или предоцна итн. Не сум сигурен таа една листа што ја видов дека се работи за луѓе кои можат тоа да го прават, а притоа да не бидат аминџии, климоиглавци, изјави Милчин.

Режисерот и професор Владимир Милчин, кој по 23 години раководење, го напушти кормилото во 2015 година на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа. Своевремено беше голем критичар на владеењето на Никола Груевски и неговата фондација тогаш беше обвинета од актуелната власт дека ги организира и финансира антивладините протести.

Според него е видливо дека Собранието се уште го нема преземено својот авторитет, брзајќи во целите процеси не се помисли на прашањето колкава цена ќе се плати за Преспанскиот договор и кој се ќе биде инволвиран за да се направи таа жртва.

Милчин е основач на алтернативниот театар „Не-театар кактус“ (1964-1970).

Заедно со Слободан Унковски ја водел алтернативната група „Театар кај св. Никита Голтарот“ (1970-1972). Исто така, тој бил драматург и режисер во Драмата при Македонскиот народен театар во периодот од 1970 до 1982 година, додека хонорарно водел актерска класа на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во периодот од 1972-1974 година. Милчин е еден е од основоположниците на Театарската работилница на Филозофскиот факултет (1979-1983).

Од 1982 година, тој водел класа за актерска игра на Факултетот за драмски уметности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Откажани настапи, јавен линч, но и поддршка од блиски пријатели. Зад поп ѕвездата Тамара Тодевска остана турбулентен период кој веруваме дека никогаш нема да го заборави.

ХУМАНИОТ БОКИ 13 ЈА ИЗВИСИ ТАМАРА: Од ветените 10 илјади евра за Евровизија ни трага ни глас!

Од Евровизиска ѕвезда која и донесе историски успех на нашата земја на престижниот...

Голем број правни експерти се вознемирија кога реков дека имам документи, кои се тие материјали, што се и слично., вели Мицкоски.

МИЦКОСКИ: „На Зоран Заев не му одговара расчистување на криминалот во овие три години„

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во 360 степени...

Да сум јас советник на Заев и да знам се што знам веднаш би го посоветувал да поднесе оставка.

ГЕЈСЕР ЗА ЗАЕВ: “Порано или подоцна тој ќе мора да си замине – ЗАЕВ е минато и меѓународно е МРТОВ”

Српскиот весник „Ало“ објави интервју со Ларис Гејсер, кого го нарекува „Човекот...