-Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира тој.

Објавил: Валерија Петрова | 12 јули, 2019 18:27

Милчин удри по охридските власти: Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По отварањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид не остана рамнодушен па искоментира Владимир Милчин.

-Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира тој.

Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО.

Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.

За потсетување, УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари да ги сруши дивоградбите.

Станува збор за 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица“ и во стариот дел на градот.

Оваа одлука ја донесе Комитетот на УНЕСКО во Азербејџан, Баку, но останува на својот став дека до февруари охридските власти мора да прогласат мораториум на сите спорни дивоградби – во спротивно градот ќе се најде на листата на загрозени подрачја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

За порталот Фактор обвинители од СЈО, потврдуваат дека во канцеларијата на Јанева  има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти  но се уште не е познато како тие би биле земени од канцеларијата која според информации на Фактор, моментално е затворена, а СЈО работи формално, односно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески даде наредба обвинителите да одат на работа за да ги чуваат предметите.

Иднината на Катица во рацете на Рускоска- таа ќе одлучува за подароците и парите на Јанева

Разрешената специјална јавна обвинителка која во моментот се наоѓа во притвор во затворот...

Собраниската зграда за чие разубавување претходната власт, според некои медиуми, потроши 20 милиони евра во рамки на проектот Скопје 2014, сега троши уште народни пари.

Издвоени 50 илјади евра за разубавување на собраниската зграда

Собранието планира да потроши 2,9 милиони денари или безмалку 50.000 евра за да набави...

Ваквата информација за „Фокус“  ја потврдуваат неколку обвинители. Наводно едно од барањата на Јанева било парите од „црниот фонд“ да и се дадат за да ги плати трошоците за нејзина одбрана, како осомничена во „Рекет“.

„Црниот фонд“ на СЈО служел за свадби и прослави- Јанева ги барала парите да плати надоместоци

Иако адвокатката на Катица Јанева негираше, сепак специјалната јавна обвинителка...