Образование

Објавил: Калина Мартинска | 25 март, 2025 19:42

Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Звање доктор на науки во 2024 година стекнале 215 лица, што е зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците кои ДЗС ги објави денеска, најголем број од лицата, 22,4 проценти, докторирале во областите здравство и социјална заштита.

– Потоа, 16,7 отсто – уметност и хуманистички науки, следуваат бизнис, администрација и право со 14,4 отсто, општествени науки, новинарство и информирање со 11,6 отсто, а останатите области се со помал процент на застапеност, наведува ДЗС во објавата.

Од вкупниот број лица што докторирале во текот на 2024 година, 106 или 49,3 проценти се жени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести