По одржувањето на протестот беа повикани претставници на стечајците на разговор со министерката Јагода Шахпаска, каде присуствуваше и членот на Централниот Комитет – Кочовски Бобан.

Објавил: Стојче Бушин | 3 октомври, 2020 12:26

Министерката Шахпаска ја игнорира голготата на стечајците која СДСМ ја создаде

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера се одржа протест на поранешните работници од АД ,,Треска” пред просториите на Министерството за Труд и социјална политика. Овие стечајци повеќе од 15 години се дел од правните лавиринти од кои никогаш не добиле позитивен исход, при што единствено бараат да им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси кои што вкупно изнесуваат околу 3 000 000 евра.

По одржувањето на протестот беа повикани претставници на стечајците на разговор со министерката Јагода Шахпаска, каде присуствуваше и членот на Централниот Комитет – Кочовски Бобан.

На оваа средба министерката се прогласи за НЕНАДЛЕЖНА, иако МТСП е надлежно за донесување на закони со кои што можат материјално да се обезбедат сите стечајци во Република Македонија. Во обид министерката да издејствува позитивен исход во нејзина полза се обиде да им понуди социјална помош на дел од овие луѓе, но не сакаше да посочи КОГА истите ќе ја добијат! На овие понуди од министерката, претставниците на работниците реагираа бурно при што ѝ укажаа дека тие имаат конкретни побарувања кои што самите ги сработиле со сопствениот труд и не бараат ништо што тие го немаат заслужено.

По завршувањето на оваа расправа, членот на Левица – Кочовски Бобан, ѝ предложи на министерката Шахпаска да се донесе Закон за материјално обезбедување на стечајците од Република Македонија, со што не само оние стечајци од АД „Треска“, туку и сите останати на ниво на цела држава, ќе ги добијат своите заостанати плати и придонеси.

На овој предлог министерката реагираше НЕГАТИВНО и го одби истиот, со образложение дека не може да се донесе таков закон и започна со промоција на сработеното во време на владеење на СДС и (според неа) добрите политики водени од оваа власт. Сосема на крај, министерката констатираше дека правдата треба да ја побараат во Министерството за финансии или во Владата на Република Македонија, нешто што најавија дека ќе го сторат при наредниот организиран протест и ќе побараат средба со ресорните министри со цел што поскоро да се реши нивниот проблем.

Левица ќе продолжи да ги подржува овие работници преку директно присуство на нивните протести, медиумска подршка, како и соработка со правни тимови кои што можат да им помогнат при водењето на нивните судски постапки. Исто така, Левица ќе се обиде да донесе Закон за материјално обезбедување на стечајците во Собранието на Република Македонија со што ќе помогне на илјадници семејства ширум државава.

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...