
Култура
Манифестации
По скандалозната програма објавено на 8 февруари, Министерството за култура утрово објави нови резултати за Годишната програма на поддржани проекти од Министерството за култура.
Од објавената програма може да се забележи дека најголемиот број корисници останаа со истите износи кои беа одобрени, додека оние кои не добија поддршка како Скопје џез фестивал, по ревизија на програмата добија определени средства.
Она што фрапира е што определени проекти кои од национален интерес кои во првата објава добија средства, сега воопшто ги нема. Во недостаток на официјални информации, не се знае дали станува збор за ненамерна грешка или не.
Традиционалната манифестација “Денови на македонска музика“ која се одржува повеќе од четири децении, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ ја нема во новата објава на министерството.

Откако минатата година Алаѓозовски ги поништи резултатите за наградените дела на Конкурсот на министерството за култура, оваа година повторно по објавување на резултатите министерството ги укина средствата доделени на македонските композитори.
Ваквиот однос на македонските автори и СОКОМ не може да биде случаен. Напротив, се чини дека единствено спрема оваа институција со седумдецениска историја која е темел на македонската музичка култура се води селективна политика базирана на необјективни услови.
Минатата година, по реакциите на композиторите за поништените резултати од конкурсот и поведените судски спорови, Алаѓозовски го напушти министерското столче.
СОКОМ од неодамна доби потпретседателско место во Управниот одбор на најголемата светска асоцијација на композитори ECSA со седиште во Брисел, која ги штити интересите на своите членки и нивните автори.
Останува да видиме дали министерот Адеми, кој јавно ветуваше дека одобрените проекти нема да бидат корекции, го очекува истата судбина како Алаѓозовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.