Во писмото во кое ги објасни причините за неговата оставка, Ликман наведува дека одлуката за воведување карантински мерки во овој момент е одраз на непочитување кон еврејските празници.

Објавил: Сара Фемина | 13 септември, 2020 16:33

Министерот за градежништво во Израел поднесе оставка поради воведување на карантин: Овие екстремни мерки се одраз на непочитување на еврејските празници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот министер за градежништво, кој ја предводи ултраортодоксната фракција во коалициската влада, е особено огорчен поради ограничувањата што ќе ги спречат граѓаните да одат во синагогите на заедничка молитва за време на претстојните празници.

Во писмото во кое ги објасни причините за неговата оставка, Ликман наведува дека одлуката за воведување карантински мерки во овој момент е одраз на непочитување кон еврејските празници.

Акциите на израелските власти на почетокот на пандемијата беа оценети како пофални. Подоцна, поради зголемувањето на бројот на заразени, владата беше критикувана дека дозволи предвремено отворање на економијата и училиштата.

Со рекордно зголемување на бројот на новоинфицирани, израелската влада се очекува денеска да донесе одлука за воведување карантински мерки по втор пат.

Во Израел, над 150.000 луѓе се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата на короната, додека повеќе од 1.100 пациенти починале како резултат на болеста. Со оглед на тоа што во Израел живеат девет милиони луѓе, епидемиолошката состојба во оваа земја е меѓу најнеповолните во светот.

Пред состанокот на владата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази жалење за одлуката на Ликман и рече дека ја почитува.

Тој рече дека воведувањето строги мерки е потребно во овој момент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката...

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати...

Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.

Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година,...