
Македонија
Вести
Од својата позиција на министер за култура се повлекува Асаф Адеми, кој на оваа позиција дојде како кадар на Беса. Наводно Адеми се повлекува од министерското место поради здравствени проблеми, пишува Независен весник.
Инаку се уште од Владата нема ниту потврда за негово заминување, ниту пак известуваат за можен наследник на Адеми, но во игра се повеќе имиња. Од Владата изјавија дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори.

Инаку Адеми е добро познат кај јавноста по контроверзното доделување средства во годишниот конкурс на Министерството за култура. Триесет и девет годишниот министер за култура Асаф Адеми на ова место дојде како кадар на Беса, односно денешна Алтернатива, бидејќи претседателот Африм Гаши стана коалициски партнер во владата на Зоран Заев.
На функцијата министер за култура дојде во јуни минатата година кога го наследи Роберт Алаѓозовски. Асаф Адеми е магистер по градежништво. Пред да биде избран за министер за култура, е директор на канцеларијата на INSCALE Global’s во Скопје, компанија која нуди услуги за развој на offshore на технолошките компании во Северна Европа. Има повеќе од 15 години професионално искуство во човечки ресурси, стратешко планирање, комуникација и управување со конфликти, и искуство во водењето и растот на големи организации.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.