Македонија
Култура
По очајната и срамна прослава на Денот на независноста, и онаа во организација на Владата на Македонија, која не смее да слави за Македонија ако не каже дека на референдум ќе се гласа за Северна, и министерот за култура, 8-ми септември го чествуваше во Тирана.
Имено, министерот за култура Асаф Адеми е во посета на Република Албанија, во Тиранакаде се сретна со албанската колешка Мирела Кумбаро Фурџи.
На средбата, како што соопшти Министерството за култура, Адеми и Кумбаро Фурџи ги потенцирале одличните релации во областа на културата меѓу двете земји што е потврдено и со потпишувањето на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015 – 2020 година.
Исто така, Адеми и Кумбаро Фурџи ја подвлекле добрата соработка во сите дејности од културата меѓу Република Македонија и Република Албанија што се потврдува и со многубројните реализирани активности во областа на музичко-сценската, фолклорната, издавачката и театарската дејност, што резултираше со голем број гостувања на уметници од Македонија во Албанија, како и реципрочни гостувања на уметници од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја.
Од Министерството посочуваат дека уште еден значаен документ со кој се унапредуваат релациите во областа на културата е и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Националната галерија на Македонија и Националната галерија на Албанија со кој се ставаат во функција просторните и интелектуалните ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и сл.
Министерот Адеми вечер во Галеријата на уметностите во Тирана ќе присуствува на свеченото отворање на самостојната изложба на реномираниот уметник Флака Халити, „Here – or rather there, is over there“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Култура
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.