
Македонија
Вести
Aпел до градоначалниците во земјава да ја следат политиката на Владата и да ги објавуваат транспаретно трошоците во нивните општини, упати денеска министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
Во начинот на кој ги трошат народните пари, додаде тој, приоритет треба да им биде одговорноста кон граѓаните, бидејќи тие повторно со нив ќе се соочат на избори, а и сега за време на претседателските, ако не работат како што треба, ќе влијаат негативно врз претседателскиот кандидат, зад кој застанале.
Деновиве мета на критика на јавноста беше струшкиот градоначлник Рамиз Мерко кој доаѓа од партијата ДУИ како и министерот за локална самоуправа Фазлиу. Дали пораката на Фазлиу се однесуваше на лускуизирањето на Рамиз Мерко во обид да ја заштити матичната партија ?

-Апелирам до сите градоначалници да го следат чекорот на Владата, која преку електронската алатка ги објавува трошоците на сите министри, тоа да го прават и тие. Немаме механизми да ги натераме градоначалниците тоа да го прават, бидејќи имаме децентрализирано општество, но им сугерирам во духот на транспарентноста да ги следат овие чекори, кои ќе ги зближат со граѓаните, рече Фазлиу.
Во врска со тоа дали општините ги завршиле своите обврски околу раздолжувањата и да достават документи за тоа до Министерството за финансии, Фазлиу нагласи дека целиот тој процес се следи од Министерството, кое е предлагач на законот. Нагласи дека тој во формални и неформални посети на општините заклучил дека некои од нив ги завршиле своите обврски, а некои се во фаза на завршување.
На прашањето дали Владата има механизам да ги контролира градоначалниците и како тие ги трошат народните пари, Фазлиу напомена дека првично тие треба да имаат одговорност кон граѓаните кои ги избрале.
-Првиот чекор треба да биде одговорноста кон граѓаните. Тие градоначалници што трошат на луксуз треба да размислат дека можеби на наредните избори треба пак да се појават пред гласачите, на претстојните претседателски можат да го оштетат политичкиот субјект, кој го претставуваат во таа општина. Исто така, има и надлежни институции, кои треба да ги разледаат таквите информации, да покренат постапки. Во рамки на законот за помош на општините со конкретни средства за покривање на долговите имаше и измена на Законот за финасирање на општините. Во еден член беше ограничено планирањето на буџетските пари да не надмине повеќе од три изминати просечни планирани буџети. Има неколку механизми да се контролираат, но првенствена е транспарентноста на самите граоначалници и одговорноста пред самите граѓани, рече Фазлиу.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.