Реформи во администрацијата сред изборна кампања

Објавил: Узунов Бобан | 15 април, 2019 17:00

Министерот Манчевски најави “оптимизација” на администрацијата сред изборна кампања

Фото/Текст извор: ©магазин

На денешната прес конференција министерот за информатичко општество потврди две работи, прво дека Владата нема административен капацитет да преговара со ЕУ и второ дека Владата планира да ја намали бројката во администрацијата. 

Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата – изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања пред јавната расправа за измените на законите за јавен сектор и за административни службеници. 

Дилемата која се поставува во јавноста, е што правеше Владата на Заев во изминативе две години во градењето на административните капацитет и дали со ваквото признание се бара алиби за евентуалните неуспешни преговори со експертите на Европската комисија и негативните оценки што би ги добила оваа Влада ?

Ќе се работи на неколку полиња преку што ќе се обидеме да привлечеме луѓе не само од надвор и од институиците, бидејќи имаме капацитети во институциите што треба да го најдеме и да го канализираме на вистинско место. Секако динамиката ќе биде како што ќе тече отворањето на поглавјата. Во секторите што се први на дневен ред и не е толку лоша состојбата, но следуваат веднаш и други сектори што ќе се отвораат и мора да се работи брзо. 


По се изгледа Владата решила да ја намалува бројката на вработени во администрацијата, но станува нејасно дали тоа ќе биде под партиски клуч на подобни и неподобни административци за актуелната власт ? Симптоматично е што оваа мерка ја пласира во јавноста министерот Манчевски во сред изборна кампања што може да се толкува како притисок врз администрацијата, и второ тоа што истиот не утврдува по кој критериуми ќе се врши намалувањето на администрацијата.


Нема потреба да стравуваат од ништо, сѐ ќе биде доброволно, но факт е дека мора да направиме нешто во делот на реформа на системот и оптимизација на вработените во јавниот сектор, статус кво ситуацијата не може да остане – рече Манчевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Димче Арсовски изјави дека по првиот круг од изборите владеачката партија и лидерот и премиер Зоран Заев вршеле притисоци врз вработените во јавната администрација.

“Премиерот Заев се заканува дека ќе брка вработени од Град Скопје”

На денешната прес конференција портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски...

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, укажуваме дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ

Кабинет на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро реагира за политичката...