Министерот за надворешни работи Никола Димитров напиша твит на албански јазик!
Министерот Димитров на социјалната мрежа Твитер почна да пишува на албански јазик!
Тој неодамна изјави дека разговарал со албанските власти во врска со отворањето на границата и мисли дека отворањето ќе биде за сите граѓани, откако албанската државна новинска агенција АТА пренесе изјава на премиерот Еди Рама дека Албанија на 1 јуни ќе ги отвори границите за Албанците од соседните држави.
Албанија ги затвори границите на 13 март за да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата.
„Албанија ќе ги отвори своите копнени граници за сите Албанци во соседните земји, кои имаат албански, косовски, македонски или црногорски пасош, почнувајќи од 1 јуни, соопшти премиерот Еди Рама“, објави албанската државна новинска агенција АТА.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.