Министер за транспорт и врски

Објавил: Калина Мартинска | 14 март, 2025 17:09

Министерот Николоски ја пријавил Бугарија во ЕУ затоа што не сака да ја гради пругата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за транспорт Николоски ја пријавил Бугарија кај европските институции и банки откако тамошната Влада одлучи да ги пренамени парите за железничкото поврзување со Македонија.

Испратил писмо до европската делегација, но и до Европската инвестициска банка и до ЕБОР со кој е склучен договор  за кредит од над 300 милион евра за поврзување со источниот сосед.

„Утрово испратив писма до Европската делегација, до ЕУ транспортна заедница, до двете банки, имајќи предвид дека Македонија има потпишано договор за кредит за Коридор 8 во висина 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации и во овој случај не би се користеле не поради нас туку поради вина на соседна Бугарија и мора да го заштитме и финансискиот интерес на државата….“ -изјави Александар Николовски – министер за транспорт.

Иако, Софија донесе ваква одлука, државата  ќе продолжи да гради. Во тек е втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Но, за реализација на третата треба да се постигне договор со источниот сосед со кој освен за овој проект сме во спрега и за други прашања. На ваквата одлука на Бугарија,  Николовски гледа како на политичка порака.

„Втората фаза ќе ја изградиме до октомври 2026 година и тоа ќе го направиме. Третата има смисла, и инжењерски сега зборувам само доколку се поврземе со Бугарија , не можеме да изградиме тунел до пола.тоа никаде во светот го нема, така што мораме да имаме договор.“ -изјави Александар Николовски – министер за транспорт.

Многу бргу по формирањето на новата Влада лани, Мицкоски кажа дека нема намера да инвестира во пруга која што завршува во слепа улица, на половина тунел и без иднина и дека парите треба да се пренаменат. Тогаш и министерката за финансии Кочоска  и експертската јавност се изјаснија дека тоа не може да се случи.

Дали ова сега е повратен удар од Бугарија поради ваквата изјава од пред неколку месеци Николоски само искоментира дека македонската страна цело време инсистира на договор, но дека другата страна нема проект и средства.

За третата фаза од железничко поврзување обезбедени се 560 милиони евра. 350 од  европските банки, грант од инвестициската рамка за западен Балкан од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата над 60 милиони евра.

Бугарската влада одлучи привремено да ја стопира изградбата на пругата кон Македонија. Парите се пренасочуваат за да се завршат внатрешни домашни проекти односно поголем приоритет за нив од железничкото поврзување со Македонија за нив е пругата од Софија до Бургас.

Инаку, за пруга кон Бугарија со зборува со години.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести