При изведување на вежбите припадниците на елитните единици користеа шок бомби, димни бомби, маневарска муниција и вежбовна муниција и оружје за нејзино користење, балистички штитови и алпинистичка опрема!

Објавил: Сара Фемина | 19 јануари, 2021 18:57

Спасовски и црногорскиот колега Секуловиќ на Пониква ги проследија показните вежби на елитните единици на МВР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква беа презентирани четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.

Единицата за брзо распоредување изведе вежба во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.

Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери, како и начин и постапка на реакција при загрозување на личноста што се обезбедува, преку упад во објект и лишување од слобода на лица кои даваат вооружен отпор и евакуација на ВИП личности со помош на алпинистичка опрема и примена на алпинистички техники.

При изведување на вежбите припадниците на елитните единици користеа шок бомби, димни бомби, маневарска муниција и вежбовна муниција и оружје за нејзино користење, балистички штитови и алпинистичка опрема.

На изведувањето на четирите показни вежби на елитните единици на МВР во Пониква присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот колега црногорски колега Сергеј Секуловиќ, кој предводи делегација во рамки на официјалната дводневна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков со видео и аудио каков што определи судот

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен...

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…

На Мицкоски му пукна филмот: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на...