„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов, напиша на својот фејсбук профил министерот Филипче

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2019 13:44

Министерот Филипче денеска ја вакцинираше својата внука

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот за здравство Венко Филипче објави на Фејсбук дека ја вакцинираше внуката Илина во обид да ја охрабри македонската јавност и особено скептиците и конспираторите против имунизацијата.

Продолжува вакцинацијата, поради прогласената епидеминија на мали сипаници во Скопје, но и поради забраната за примање на невакцинирани деца во градинка. Лекарите велат дека родителите се повеќе прашуваат за потеклото и квалитетот на вакцините.

Од прогласување на епидемијата на мали сипаници пред пет дена досега вакцинирани над 1.100 деца, а засега нема нови случаи на заболени од морбили. Епидемијата беше прогласена откако за два дена беа регистрирани 12 заболени од мали сипаници од кои 10 деца и двајца возрасни. За 6 од нив уште веднаш имаше потврда дека се заразени, за двајца потврдата стигна неколку дена подоцна, а за двајца лабораториските испитувања беа негативни.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов.Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.

Денеска на својот Фејсбук профил Венко Филипче уште еднаш нагласи дека вакцините се безбедни, со тоа што ја вакцинираше својата внука Илина.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство...

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител...

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство!

ФИЛИПЧЕ: Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата....