Градоначалникот Максим Димитриевски рече ова е само едно признание во пресрет на петвековниот јубилеј од постоењето на градот.

Објавил: Сара Фемина | 9 март, 2019 9:01

Најзагаден град Скопје, а Куманово за град на културата за 2019 година, ке бараат пари за прослава

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерството за култура го прогласи Куманово за град на културата за 2019 година. Освен тоа Куманово оваа година беше прогласен и за Европски град на спортот.

Градоначалникот Максим Димитриевски на вчерашната прес конференција рече дека општината ќе побара дополнителни финансиски средства, за големиот јубилеј да се одржи на најсоодветен начин.

Тој во своето обраќање најави дека петвековното постоење на градот оваа година ќе биде обележано со дополнителни 26 манифестации кои се надвор од редовната програма, а меѓу нив неколку балетски претстави, концерти, документарни филмови, тетаарската претсава „Ленче Кумановче„ и многу други.

Град кој се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, во Кумановската Котлина (Жеглигово), на надморска височина од 340 метри, распространет од двете страни на реките Липковка и Кумановка.Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричката нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.  Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патописните забелешки на Евлија Челебија од 1660 година, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, ан, амам и одреден број на дуќани.

На листата проекти е и преработката на песната „Куманово во срцето“ која ќе ја препеат повеќе локални музички имиња, додека групата „Некст тајм“ ќе ја преработи песната „Јовка Кумановка“.

– Воедно сме известени дека на нашата апликација со која аплициравме со различни настани и манифестации за тековната 2019 година со вкупен износ од 15 милиони денари на годишно ниво, ни се одобрени средства од вкупно три милиони денари кои што ќе бидат поддршка за сите овие настани и манифестации.

Градоначалникот Максим Димитриевски на вчерашната прес конференција рече дека општината ќе побара дополнителни финансиски средства за да големиот јубилеј се одржи на најсоодветен начин.

Воедно ве информирам дека Општина Куманово за оваа тековна година во рамки на редовната програма за културни настани и манифестации обезбеди буџетски средства од вкупно 10 милиони денари и дополнителни три милиони денари кои ги добивме од ресорното министерство, рече Димитриевски.

– Општина Куманово во соработка со сите институции на локално ниво кои што се во сегментот на културата и спортот, во заедничка соработка во следниот период ќе го одбележани најдостоинствено јубилејот пет века Куманово со различни активности, тргнувајќи од различни културни настани, од делот на театарот, музика, концерти и сите останати спортски манифестации кои се вообичаени за нашиот град, рече Димитриевски.

Според патеписецот Жан, во Куманово до средината на XIX век имало „20 христијански и уште толку турски куќи“. Градот постепено почнал да расте по 1865 година (тогаш имал 3 000 жители, односно 650 куќи од кои 350 биле македонски, 300 турски и 30 ромски колиби).

Како нормален одраз на тоа станува атрактивно имиграциско место за околното население и бележи поизразен популациски раст. Истовремено Куманово и стопански расне и денес претставува град со развиени дејности од секундарниот и терцијарниот сектор.

Водечко место има индустријата (металопреработувачка, текстилна, чевларско-кожарска, прехранбена, тутунска) потоа земјоделието и трговијата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Уште еден голем концерт на амбасадорот на македонскиот фолклор- Танец во четврток во Прилеп

Под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 ти јули во четврток...

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар од тапанот и при првиот чекор на ороводецот ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Седумдесет години „ТАНЕЦ“ – амбасадор на македонскиот фолклор насекаде низ светот!

„Танец“ — aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, основан во 1949 година. Со своето...

Два черепи во заедничка гробница се откриени на археолошкиот локалитет Долченица. Овие денови археолозите пронајдоа нови артефакти.

Откриени два черепи во заедничка гробница на археолошкиот локалитет Долченица!

Новиот експресен пат Штип – Кочани откри богато археолошко наоѓалиште, пишува тв 24. Два...