Авалон со реакција за Годишната програма на Култура

Објавил: Стефан Каневче | 8 февруари, 2019 14:50

Министерството за култура кажа „не“ на Авалон

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Првиот човек на Авалон Продукција се обрати преку официјалната фејсбук страна за Годишната програма на Министерството за култура во која нивните проекти со светски звучни имиња не наидоа на поддршка од државата.

Почитувани,

Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство.

Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.

Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.

Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.

За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн.

Со почит,
Бобан Милошески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Лошо е чувството кога ќе се види како мајката го остава своето бебе. На снимката од сигурносните камери се гледа како го става своето штотуку роденото девојче во одводот. Тоа глутницата кучиња веднаш го забележаа и веднаш пријдоа и го извлекоа бебето на безбедно.

Мајка монструм го фрли бебето во одвод- погледнете како кучиња го спасија

Страшна глетка се случи во Индија, додека неговата мајка го оставила фрлено своето...

Имено жената беше жртва на насилство во главниот град Скопје, во непосредна близина на Пластичарската улица.

Инцидент кај Пластичарска улица: Жена физички нападната додека уништува автомобил(ВИДЕО)

Видео на кое се гледа како жена е жртва на насилство во Скопје, се рашири на социјалните...