Аматеризам во Министерството за култура!?

Објавил: Стефан Каневче | 26 декември, 2018 16:04

Министерството за култура се фали со проекти кои не ги финансирал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На веб страната на Министерството за култура на Р. Македонија објавена е вест за Новогодишен гала концерт кој се одржа синоќа во Прилеп, организиран од Здружението на оперски уметници „ОпераТи“.

Од неофицијални извори, овој гала концерт воопшто не е поддржан, ниту финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија, бидејќи самото здружение беше основано само пред неколку месеци, далеку од роковите на Годишните програма за финансирање на проекти од областа на култура.

Се поставува прашањето зошто Министерството за култура на својата официјална веб страна објавува информации за настани кои не се директно финансиски помогнати од Министерството за култура, бидејќи на овој начин нивната веб страна добива улога на информативен портал наместо да објавува корисни информации за граѓаните и културните дејци. Ваквото „китење со туѓи пердуви“ создава лажна слика за улогата на Министерството за култура, кое од една страна се фали со објавување информации за настани на приватни организации, а од друга страна не објавува информации за нивната поддршка на антимакедонски балистички организации за кои доби бројни јавни критики на социјалните мрежи. 

Марјан Јованоски – Претседател на „ОпераТи“

Наводно, претседателот на Здружението „ОпераТи“, Марјан Јованоски, воопшто не бил запознат дека Министерството за култура објавува информации за нивните настани кои се организирани со сопствени средства, но сметал дека јавноста треба да биде транспарентно запознаена со релевантни информации, а Министерството својата поддршка да ја изрази и со поконкретни мерки отколку со објава на вести за настаните.   

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Кога беше во опозиција Зоран Заев го обвинуваше Груевски дека прави политичка манипулација сликајќи се со деца а сега го прави истото и тоа уште помодерно со селфи па Твитер...

Заев ги искористува децата за политички маркетинг?

Супер новогодишна дружба со дечињата од ООУ „Братство“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“....

„Запознајте ја Македонија“ е насловот на промотивното видео во кое секој што би дошол во Тетово треба да ги запознае навивачите на Шкендија, кои биле многу повеќе од фудбал, спорт, идентитет.

„Балистите„ добија пари од буџетот за промоција на Македонија! (ВИДЕО)

Иако постојано ја негираат Македонија, ја исвиркуваат химната, пропагираат формирање...

Провладиниот медиум „МАКФАКС„ претпладнево објави вест: Заев на миса во Католичката црква, иако во првите редови седи претседателот Иванов со неговата сопруга, овој медиум го направи Иванов невидлив, дух, како да не постои! Брука и дно за македонското новинарство, срам!

СКАНДАЛ НА БОЖИЌ: Провладините медиуми „не го гледаат„ претседателот Иванов!

Првиот човек во државата македонскиот претседател д-р Ѓорѓе Иванов со сопругата г-ѓа...

Во националната галерија на изложбата се претставени 150 листови архивска документација а за тоа сведочи ценетата институција која остана на највисоко сите овие 70 години.

70 години од постоењето на Македонската национална галерија

Националната галерија на Македонија , како и пред 70 години, кога е основана, е истовремено...