Во меѓувреме, командантот на копнените сили на Украина рече дека украинските сили продолжиле „да се движат напред“ во близина на Бахмут.

Објавил: Македонка Димкин | 5 јуни, 2023 11:31

Министерството за одбрана на Русија тврди дека го одбиле украинскиот нападот на Доњецк

Фото/Текст извор: ©Магазин

Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека нејзините сили спречиле голема украинска офанзива во источниот украински регион Доњецк.

Министерството соопшти дека Киев користел шест механизирани и два тенковски баталјони во офанзивата во неделата. Се додава дека руските сили убиле 250 украински војници и уништиле десетици тенкови и возила.

Целта на непријателот беше да ја пробие нашата одбрана во најранливиот, според него, сектор на фронтот“, рече портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Тврдењата на Москва не можеа да бидат независно проверени и не беше јасно дали наводниот напад бил дел од долгоочекуваната контраофанзива на Украина за враќање на териториите преземени од Русија.

Во меѓувреме, командантот на копнените сили на Украина рече дека украинските сили продолжиле „да се движат напред“ во близина на Бахмут.

Украинските власти со месеци зборуваа за планирана контраофанзива, но не ги образложија размерите на таков напад – дали тоа би бил целосен напад на целата фронтова линија од 1.100 километри или помали до ги ослабне силите и капацитетите на Русија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премиерот Орбан додаде дека ќе се докаже дека Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот.

Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Западот сака да ја глобализира...

Лидерот на шпанските конзервативци, Алберто Нуњес Феихо, ќе ја има својата шанса да формира нова влада оваа недела - нешто што претходно се сметаше дека е осудено на неуспех со оглед на недостигот на парламентарна поддршка.

Зошто лидерот на шпанските конзервативци е далеку од премиерската функција без разлика на неговиот успех на изборите.

Лидерот на шпанските конзервативци, Алберто Нуњес Феихо, ќе ја има својата шанса да...

Судијата Артур Енгорон, одлучувајќи по граѓанска тужба поднесена од њујоршкиот обвинител Летиција Џејмс, откри дека Трамп и неговата компанија измамиле банки, осигурителни компании и други со масовно преценување на неговите средства и преувеличување на неговата нето вредност на документите што се користат за затворање зделки и осигурување на заеми.

Доналд Трамп е прогласен за виновен: Ги измамил банките со надувување на вредноста на имотот

Судијата пресуди дека Доналд Трамп со години правел измама додека ја градел империјата...