Имено, официјалната интернет страница на ова ново министерство достапна е само на албански јазик. На веб страната од министерството има опција за македонски јазик, но доколку се кликне на истата, покажува дека е во изработка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 18:21

Министерството одговорно за функционирање на политичкиот систем, не работи согласно неговите основни постулати

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, во своите основни надлежности буквално има дефинирано грижа за „функционирање на политичкиот систем“, но сепак, токму тоа е институцијата која не го исполнува основниот услов како орган на државната власт во Република Македонија.

Имено, официјалната интернет страница на ова ново министерство достапна е само на албански јазик. На веб страната од министерството има опција за македонски јазик, но доколку се кликне на истата, покажува дека е во изработка.

Инаку, ова ново министерство е формирано од сегашното владеачко мнозинство на СДСМ и ДУИ, по што, со закон се укина Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а неговата опрема, документација и другите средства беа преземени токму од Министерство за политички систем. Откако е оформено ова министертсво пред скоро 2 годоини, буквално нема никакви активности. И покрај тоа што истото е меѓу рекордерите по бројот на вработени, сепак, „црната дупка“ во однос на неговите активности го прави своевиден фантом во политичкиот систем на Република Македонија.

Од она што може да се види на интернет страницата на Владата за тоа кои се задолженијата на ова ново министерство, лесно е да се увиди дека истото е формирано како еден вид полицаец, кој ќе контролира институции за спроведување на „обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор“, како и „следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците“.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

 

25 ноември, 2020

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...