
Македонија
Вести
Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и за одбрана Владо Мисајловски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов направија теренска посета на Неготинскиот регион зафатен со пожари, соопштија од Владата.
Истакнаа дека на терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и хеликоптерите за гасење на пожарите.

Ситуацијата засега е под контрола и акцијата за гасење на пожарите е во тек. Владата донесе одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, посочија од Владата.
Се испраќа за апел за внимателно однесување во потенцијалните жаришта поради енормно високите температури, потенцираа во соопштњнињто.
Триесет дена кризна состојба поради пожарите, прогласи Владата
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.