Поранешниот т.н. прв соросовец, режисерот Владимир Милчин, со остри критики дека отказот на претседателката на УО на Филхармонија не смее да остане така лесно премолчен

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 13:04

Министрите треба да го бранат јавниот интерес, а не партискиот. Тоа важи и за културата.

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По инстант отказот од претседател на управниот одбор од Македонската Филхармонија, на социјалните мрежи се огласи и режисерот Владимир Милчин.

Милчин е македонски режисер, поранешен директор на Факултетот за драмски уметности, поранешен извршен директор на Отворено општество – Македонија (ФИООМ) под покровителство на Џорџ Сорос и поранешен член на претседателството на СДСМ.

Човекот кој беше гласен критичар за владеењето на Никола Груевски но и Али Ахмети, сега со забелешки до актуелната власт дека полека но сигурно наликува на онаа против која се бореше да падне.

Милчин на социјалните мрежи напиша:

Директор побарал разрешување на претседателката на УО во една институција од културата! И министерот ја разрешил под итно на барање на директорот!

Скандал кој не може да биде одмолчан.

Кој и чиј грб стои зад оваа клиентелистичка афера?

Зар министерот не бил предупреден од правниците во Министерството за култура дека одлуката е противзаконска и дека остава горчлив вкус во јавноста?

Настрана што министерот го потпишал решението без да ја повика на разговор Бранка Костиќ.

Министрите треба да го бранат јавниот интерес, а не партискиот. Тоа важи и за културата! – критикува Милчин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.