Градоначалникот Шилегов заедно Мила Царовска, Аријанит Хоџа и Елизабета Ангелеска, денеска присуствуваше на отворањето за посетители на мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоник во дворот на средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Објавил: Сара Фемина | 10 јуни, 2021 18:05

МИНИ ЗОО ПАРКОТ ВО СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

МИНИ ЗОО ПАРКОТ ВО СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ!

Градоначалникот Шилегов заедно Мила Царовска, Аријанит Хоџа и Елизабета Ангелеска, денеска присуствуваше на отворањето за посетители на мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоник во дворот на средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Чест ми е што сме денеска овде во едно од најинвентивните и најкреативните училишта и од аспект на луѓето коишто овде работат како наставници, како управа, како директор, меѓутоа и од аспект на учениците што мене особено ме радува. Ова е едно од училиштата во коешто и јас како градоначалник пред некаде околу три години ја препознав таа креативност и како што самите можете да видите денеска целосно се оправдани поддршката и вложувањата што ние ги дадовме како Град, Министерството за образование и наука, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Кисела Вода. Денеска можеме да присуствуваме на официјалното отворање на реновираната зоолошка градина која има повеќе од триесет различни видови животни, што постоеше во рамките на училиштето меѓутоа ние ја изреновиравме и сега ја правиме достапна за граѓаните. Влезот ќе биде бесплатен, меѓутоа сакаме до колку некој сака да даде средства за влез и да го поддржи овој процес којшто е резултат на вредните и бистри умови на средношколците пред се, нивни вредните раце, како и на поддршката на нивните наставници и на Градот Скопје- кажа Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Според информациите кои ги доставија заедно со фотографијата Груевски е во кафуле во Будимпешта, во друштво со преубава девојка која што по потекло од Србија.

(ФОТО) Груевски уловен во друштво со преубава Србинка

Колегите од веб порталот Револуционер споделија фотографија од Будимпешта каде што...

Во хотелите најбарани се тридневните празнични аранжамни, а она за што најмногу се интересирале гостите пред да резервираат е времетраењето на полицискиот час и безбедносните протоколи.

Туристите го наполнија Охрид

Велигденските и првомајските празници го раздвижија Охрид. Домашните туристи, но и...