
Македонија
Вести
Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје.
Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата“, информирааат од СВР – Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.