Претходно протестот беше најавен преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Објавил: Перо Милчин | 30 јануари, 2022 15:20

Мирен протест кај „Сити Мол“ за загинатата Викторија Николова

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/сител

Мирен протест под мото „Стоп за сообраќајното насилство“, се одржа денеска, на раскрсницата кај Сити Мол на местото каде пред десетина дена младата Викторија Николова од Радовиш го загуби животот, откако беше прегазена.

На собирот учествуваа околу 200 луѓе, вклучувајќи го семејството на загинатата девојка, а на местото на несреќата беа положени цвеќиња и запалени свеќи.

Претходно протестот беше најавен преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење низ улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно, стои во најавата за протестот.

Двасесет и четири годишната Викторија Николова вечерта на 20 јануари беше прегазена на пешачки премин на раскрсницата, кај „Сити Мол“ преминувајќи го булеварот Партизански Одреди, откако во неа удри возило Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје. Таа почина на самото место, а во сообраќајката се здоби со полесни повред нејзиното момче Л.Д. (1997) од Радовиш..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена...

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...