Пратеникот Мисајловски нагласи дека ваквиот начин на носење на закони за коридорите ќе отвори пандорина кутија во иднина а покрај тоа и целата фела е против, коморите се против, и сите бараат јавна дебата а владата бега од јавна дебата.

Објавил: Сара Петреска | 25 мај, 2023 13:50

Мисајловски: Власта сака да го суспендира законот за градење, целата фела е против, коморите се против, владата СПИЕ

Фото/Текст извор: ©а1 он/магазин.мк

Да направам споредба со неколку други автопати и слични договори за автопати. Првата дилема е зошто овој закон за стратешки партнер беше разгледувам во комисијата за финансирање и буџет каде што му е матична комисија а денска гледаме дека сите закони се ставени со европско знаменце.

Се поставува прашање дали пред неколку месеци сите овие закони беа неевропски и зошто сега на овој начин мораа да добијат европско знаменце за да се поминат. дали по овој договор постои транспарентност, апсолутно не. Ова е нај нетранспарентниот процес а станува збор за најкрупниот проект во историјата на Македонија“ истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.

 

Мисајловски истакна дека никој не знае какви меѓународни правила на изградба ќе има овој договор за коридорите, а оваа власт 6 години нема ниту еден проект, и сега на брзање ги заобиколува сите меѓународни стандарди и сакаат да градат и да го суспендираат законот за градење.

„Споредба со компанијата „Актор“ за автопатот Демир Капија-Смоквица, никој не знае какви меѓународни правила на изградба ќе има овој договор, оваа власт 6 години нема ниту еден проект, и сега на брзање ги заобиколува сите меѓународни стандарди и сега сакаат да градат и да го суспендираат законот за градење. Со ова се задира во уставниот поредок на државата“, нагласи Мисајловски.

Пратеникот Мисајловски нагласи дека ваквиот начин на носење на закони за коридорите ќе отвори пандорина кутија во иднина а покрај тоа и целата фела е против, коморите се против, и сите бараат јавна дебата а владата бега од јавна дебата.

„Како е возможно антикорупциска да го добие договорот, да го гледа а ние пратениците да не можа да го видиме договорот. Ниту медиумите го имаат ниту фелата го има никој го нема. Ова ќе остане црна дамка во историјата на Македонија и ќе се отвори пандорина кутија во иднина да се носат вакви закони за многу различни теми. Зошто овој закон не се разгледува во комисијата за финансирање и буџет, нели е овој транспарентен процес? Целата фела е против нема комора што не е против, сите бараат јавна дебата а владата бега од јавна дебата“ нагласи Мисајловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Политика

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни анкети, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за барање гаранции дека нема да има друго вето со тоа што уставните измени ќе стапат на сила пред влегувањето во ЕУ има широка поддршка, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.

- Какви било договори можат да се менуваат и дополнуваат, оттука не гледам причина зошто не би можел да се промени и овој договор со Бугарија, вели Андоновски и појаснува дека одговорот на предлогот на СДСМ веднаш да почнат уставни измени одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е може, под услов тие измени да важат по десетина години.

- Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија преговата за влез во ЕУ со Бугарија. Ние преговараме со ЕУ за влез во ЕУ и тоа преговараме на македонски јазик. Нам ни е битно уставните измени да се изгласаат сега за да може да се продолжи со вториот меѓувладин состанок со ЕУ, вели Миле Талевски од СДСМ.

24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции, СДСМ потенцира дека без уставни измени нема влез во ЕУ

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни...

ремиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба.

dobivaj vesti na viber
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.

Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.

Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во...

Орбан претходно изјави дека европските земји „како месечари на покривот“ постојано балансираат на работ на војна со Русија.

Орбан: Украина не може да победи без директно учество на војската на НАТО

Украина не може да победи на фронтот без директно учество на силите на НАТО и затоа...