Одбрана

Објавил: Калина Мартинска | 13 март, 2025 15:16

Мисајловски најави инвестиции и модернизација: Македонската Армија мора да биде рамо до рамо со светските сили

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонија пет години во НАТО. За да застанеме рамо до рамо со големите земји членки потребни се инвестиции во македонската армија, а тоа ќе се случи наредниот период најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Според него државата мора да продолжи да ги јакне националните капацититети, да вложува во одбрана, да ги зацврстува партнерставата со сојузниците и да придонесува во регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

-Вие знаете многу добро дека голем број нашите капацитети што ги има Министерството за одбрана, но и во Армијата се за жал во лоша состојба. Кога треба да бидеме еднакви на масата и да седиме со големите земји членки треба да имаме средства и за овие објекти денеска каде што сме тука. И сакам да најавам дека сите овие објекти што се од Министерство, како што е домот на АРМ кај што оваа година еве започнуваме фаза на проектирање, да направиме проект и да започнеме со целата реконструкција здравје од следните години, изјави Мисајловски.

Во ек на војната во Украина пред НАТО се голем број предизвици. Според пензионираниот генрал Павле Арсовски, Алијансата секогаш изнаоѓала начини да се справи со сите ситуации.

-НАТО во својата 76 годишна историја имал еднакво тешки и предизвикувачки периоди, но сепак сојузниците секогаш изнаоѓале начин како Алијанската да продолжи да опстојува и да ја сочува својата функција. А тоа е безбедност на севрноатлантскиот регион, стабилност, одвраќаме и мир преку воена способност, изјави Арсовски.

Според пензионираниот генреал Илија Николовски Македонија многу добила со членството во Алијансата.

-Со зачленувањето во НАТО се подобрува се подобрува контролата на воздушниот простор на Република Македонија и еве веќе ги имаме придобвките во оваа област. Нашиот јужен сосед тоа го прави бесплатно за нашата земја. Ни се овозможува да ги користиме искуствата, стандардите и придобивките во справувањето со кризи, поуспешно справување со потенцијалните безбедносни ризици, изјави Николовски.

Македонија на 27 март 2020-та година официјално стана 30-та земја членка на НАТО, со што беше остварена една од најважните стратешки цели, која со едногласна одлука на Собранието беше донесена уште во 1993-та година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.