Одбрана

Објавил: Калина Мартинска | 24 јули, 2024 0:54

Мисајловски оствари средба со Главниот државен ревизор: Ќе работиме за успешна имплементација на препораките и за обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во просториите на Државниот завод за ревизија остварив продуктивна средба со Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Соработката меѓу двете институции ќе се интензивира се со цел понатамошно унапредување на работата и транспарентноста во министерството. На средбата беше дискутирано и за спроведувањето на препораките од ревизиите, како и за плановите за идни ревизии кои ќе овозможат понатамошно унапредување на работата на субјектите од областа на одбраната, истакна тој.

Мисајловски порача дека ќе се обезбеди висок степен на транспарентност и отчетност.

-Со заедничка поддршка ќе работиме за успешна имплементација на препораките и за обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност, посочи министерот за одбрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести