Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Објавил: Сара Фемина | 7 март, 2021 9:41

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа Советот за етика во медиумите (СЕММ) во изготвувањето на Насоки за етичко известување на онлајн медиумите, кои денеска беа објавени во Скопје.

Насоките изготвени по широка консултација со медиумската заедница во Македонија, ќе помогнат во развојот на солиден и кредибилен систем за саморегулација на медиумите на Интернет и зајакнување на независното, професионално и одговорно известување на Интернет.

„Етичките стандарди треба да се применат на сите медиумски платформи бидејќи етичките предизвици на новинарството се валидни и офлајн и онлајн“, рече Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Извршната директорка на Советот за етика во медиумите, Марина Тунева, вели дека во сите демократски општества саморегулацијата е најдобриот начин да се зголеми одговорноста на онлајн медиумите и да се превенира носењето непотребна медиумска регулатива. Околностите, како во работењето на традиционалните, така и во онлајн медиумите, брзо се менуваат што бара постојано унапредување на етичката рамка.

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Целта на Насоките е да послужат како инструмент којшто ќе помогне во решавање на дилемите околу аспектите поврзани со новинарските содржини што се објавуваат онлајн. Тие аспекти не се опфатени или не се објаснуваат детално во сегашната етичка рамка. Суштинска задача на нашиот Совет е да се зајакне и да се врати јавната доверба во новинарството. Во оваа смисла, ќе продолжиме да се залагаме за примена на етичките стандарди ширум различните медиумски платформи“, заклучи Тунева.

Насоките, достапни на https://semm.mk/pravna-ramka-4/2015-11-01-07-10-08/kodeks/850-nasoki-za-etichko-izvestuvanje-na-onlajn-mediumite, се однесуваат на сите информации и содржина што ги објавуваат оналјн медиумите, на социјалните мрежи или други онлајн платформи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...

Како нова можност за фирмите што беа принудени да ги затворат своите погони се нуди и производство на дезинфекциски тунели,

Тунели за дезинфекција како средство за борба против вирусите во иднина?

Опасниот КОВИД19 ектремно многу влијаеше на работата на компаниите, кои поради намалениот...

Со оглед на тоа дека квинтилионот е број кој содржи 30 нули, тоа значи дека кога парите би биле рамномерно поделени меѓу сите жители на нашата планета, секој од нас би добил околу 93 милијарди долари.

НОВО СВЕТСКО ЛУДИЛО: Во 2026 НАСА ќе стигне на астероид полн со злато

Постои едно место на кое има толку многу злато и платина, што кога би се продале сите...