Советничката на косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, истакна дека „Србите повторно го претвораат стратешкиот пораз во „небесна победа“.

Објавил: Македонка Димкин | 28 септември, 2023 8:45

Мистериозна рака“ која има влијание и врз Србите и врз Албанците го извлекла Милан Радојчиќ од Бањска

Фото/Текст извор: ©МИА

Косовската политичарка од редовите на српската заедница, Рада Трајковиќ изјави дека потпретседателот на партијата Српска листа, Милан Радојичиќ, за кого косовските власти тврдат дека бил водач на нападот врз полицијата во Северно Косово на 24 септември, бил изнесен од селото Бањска од „мистериозна рака“, која, според неа, „има моќ и врз српската и врз албанската страна“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Советничката на косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, истакна дека „Србите повторно го претвораат стратешкиот пораз во „небесна победа“.

– Никој да не праша како Милан Радојичиќ успева да побегне во секоја ситуација, од обидот за апсење за убиството на Оливер (Ивановиќ) до последниот инцидент во Бањска и е извлечен од неволја од мистериозна рака која има моќ и врз српската и врз албанската страна. А Србите, како Срби, повторно го претвораат вистинскиот стратешки пораз во „небесна“ победа и од солзите за жртвите не можат да ја видат вистината: денес сме во многу полоша ситуација и преговарачка позиција отколку што бевме пред тоа, напиша Трајковиќ на платформата „Х“.

Таа рече дека останува да се види дали претседателот на Србија, Александар Вучиќ „има храброст да се огради од целата ситуација“, создадена по инцидентот во северно Косово, во кој беше убиен косвски полицаец и најмалку тројца од неколкуте десетици напаѓачи.

Прашањето е дали Вучиќ има доволно храброст и сила да се огради од „сето ова“ на северот на Косово, кое веќе јасно ги загрозува државните интереси и ги води нашите млади во бесмислена смрт заради интересите на некои кои не ја сакаат стабилноста на Србија. Одговорот ќе го добиеме во наредните денови, напиша Трајковиќ.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља во вторникот објави снимка од дрон за време на полициската акција во Бањска, на која вели дека е и потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Радојичиќ, кој е дел и од црната листа на Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство.

Тој рече дека Радојичиќ, за кого вели дека е близок на српскиот претсеадтел, Вучиќ, бил „водач на групата и на нападот“ во Бањска, во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

И на крај останува отворено прашањето, зошто и покрај превземената обврска Косоварите не сакаат да ги формираат српските општини? Зошто? Нели не сакаат тензии? Кој е планерот на сите овие сценарија? На кого не му одговара мир? 

Одговорот лежи на дланка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Тензиите меѓу Белград и Приштина ескалираа на 24 септември кога косовската полиција се судри со вооружена група во селото Бањска, северно Косово.

Рама смета дека ситуацијата на северот на Косово е опасна, Вјоса Османи ги повика ЕУ членките да ја санкционираат Србија

Премиерот на Албанија – Еди Рама денеска во Гранада изјави дека е загрижен за ситуацијата...

Правеа комеморација за сите Албанци убиени во Куманово. Цела сала, сите беа организирани. И никому ништо.

Вучиќ со слики од „Диво насеље“ порача: Ова е лицемерието на албанските власти кои држат предавања за европски вредности

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на РТС ги коментираше настаните...