Поминале веќе 4000 години откако Гилгамеш , кралот Урук тргнал за потрага по тајната за бесмртноста. Уште од тогаш човечката фасцинанција за подолг живот или барем што е можно подолго не се намалила.

Објавил: Валерија Петрова | 16 септември, 2019 12:01

МИСТЕРИЈА НА НАУЧНИЦИТЕ: Пијат, пушат и јадат нездраво, а живеат преку 100 години

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Одалеченото село Ачероли во јужна Италија познато е по големиот број на стара популација, токму нивната долговечност ги збуни научниците – која е нивната тајна?

Поминале веќе 4000 години откако Гилгамеш , кралот Урук тргнал за потрага по тајната за бесмртноста. Уште од тогаш човечката фасцинанција за подолг живот или барем што е можно подолго не се намалила.

Науниците трошат големи пари анализирајќи фактори кои допринесуваат за долг живот, а токму тоа и ги привлече оваа мала италјанска заедница каде повеќето станари добро изгледаат и во својата 10 -та деценија од животот.

Ачероли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 километри јужно од Неапол.

– Бев на плажата во Ачероли и видов луѓе кои имаат 90 години, како уживаат и се сончаат на плажа и пушат цигари, додека нивните стомаци изгледаат како да се во деветтиот месец од бременоста, рекол еден американски кардиолог Алан Мајсел за Њујорк пост.

Ова е сосема спротивното во кое верувал, но и учел со години – за долг живот треба да се внимава на линија, да се избегнуваат пороци и сонце. Луѓето од Ачероли од друга страна, живеат во контраст со овие правила. Во селото живеат околу 2000 жители а меѓу нив има 300 лица кои живеат подолго од 100 години дури и 20 осто од нив прославиле и 110. роденден – па некој и повеќе.

Освен тоа, Мајсел со своите колеги направил истражување кои докажале дека имаат мал број на заболување на Алцхајмер и срцеви болести – и покрак сите оние цигари и алкохол. Во студијата во која се истражувала долговечноста на тие луѓе сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дек генските тестирања ќе откријат нешто што на луѓето ширум светот би им користело за да живеат подолго.

За време на тестирањата на Мајсел открил некои занимливи траги кои секако имаат значаен удел во нивната долговечност.

Овие две намирници многу често ги конзумираат сите жители од селото и може да се каже дека тоа е нивната прехрана. Рузмаринот и научниците го потврдиле дека е поврзан со редукција на разикот на Алцхајмеровата болест и ја подобрува функцијата на мозокот и меморијата.

Од друга страна се сардините риблиј лек за сите видови на воспаление на ќелиите во телото. Старите во Ачероли не одат на јога, но повеќето од своето време го поминуваат на отворено – движејќи се и дружејќи се. Животот таму е многу опуштен, а стресот кој модерната медицина го нарекува токсичен таму речиси и не постои.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Рафаел Надал утре се ЖЕНИ!Фоторепортерите ја ополија Мајорка, местото каде ќе биде церемонијата на венчавката

Свадбените звона ќе тропнат во домот на еден од најодбрите тенисери на денешицава. Рафаел...

Како ова да не му беше доволно, Дарко покрај неговата здравствена состојба минува и низ тежок емотивен период. Неговата поранешна сопругаАна Савиќ не и дозволува на нивната ќерка да го гледа својот татко.

Дарко Лазиќ повторно во инвалидска количка, но ова не е се – пејачот минува низ друг пекол

Дарко Лазиќ помина низ пекол по сообраќајната несреќа. Тој по тешкиот период се опорави...