ВМРО-ДПМНЕ

Објавил: Калина Мартинска | 7 август, 2024 12:55

Митева: СДС и ДУИ пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

СДС и ДУИ Пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал. Од опозиција се загрижени, од власт недопирливи – вака некако ја замислуваат политиката СДС и ДУИ кои ја ограбија државата и 7 години не помислуваа на народот додека се богатеа,  вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Али Ахмети денес повикува на меѓународен ветинг затоа што мисли дека така ќе се заштити себе и останатите кои недвосмислено влегуваа во милионски бизниси со 0 денари влог. Каде беа СДС и ДУИ 7 години да побараат меѓународен ветинг или тогаш милионските тендерите во РЕК, МЕПСО и ЕСМ беа приоритет? Каде беа СДС и ДУИ да зборуваат за ветинг кога  милионски суми се трошеа на набавки на рент а кар возила за два дена? Каде беа СДС и ДУИ кога фирмите блиски до нив го зголемуваа имотот со фотоволтаични централи? Зошто Ахмети и Филипче не побараа меѓународен ветинг за фирмата за надзор на патиштата и модуларните болници? Ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да одговорат, како се прави империја за 7 години власт, а нивниот денешен пристап е обид за политичка амнестија за сторениот криминал, рече таа.

Митева истакнува дека вистинската желба на СДС и ДУИ не е ветингот туку желба за спас од одговорност.

-Ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее, затоа и СДС треба да излезе од скутот на ДУИ и да знаат дека доаѓа време за одговори и одговорност, рече таа.

Дали со демантот до Мицскоски, ДУИ признава дека спрема дестабилизација на Македонија?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика