Околу објавата на ОК ВМРО ДПМНЕ Кавадарци, дека членството не го поддржува Јанчев во намерата да бара оставка од Мицкоски, тој вели дека тоа е личен став на претседателот на партијата од Кавадарци, а не и на членството.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 октомври, 2020 13:37

Митко Јанчев за ,,Фокус”: Ќе имаме протести, но онлајн, по консултација со д-р Караџоски и д-р Филипче!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако доцна синоќа соопшти дека во понеделник излегува на протест во Скопје, со цел оставка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес кавадаречкиот градоначалник и поранешен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев, за ,,Фокус” вели дека протестот пред Белата палата е одложен.

По консултации со министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски, тие дошле до заеднички став, дека протестот не треба да се одржи во овој кризен период, кога бројките на новозаразени лица со корона вирус, секојдневно се во пораст.

-Се согласувам дека здравјето на граѓаните е на прво место. Се консултирав со Филипче и со Караџоски уште рано утринава, според нивните препораки дека протестот може да го загрози јавното здравје, решив да го одложам истиот.
Но, тоа не значи дека отстапуваме од нашата цел, Мицкоски да замине од челната позиција во партијата.
Ќе имаме конференции во повеќе градови, еден вид на онлајн протести, бидејќи партијата мора да застане на цврсти нозе – вели Јанчев.

Околу објавата на ОК ВМРО ДПМНЕ Кавадарци, дека членството не го поддржува Јанчев во намерата да бара оставка од Мицкоски, тој вели дека тоа е личен став на претседателот на партијата од Кавадарци, а не и на членството.

Тоа е став на Зоран Јованчев, а не и на останатите членови. Разговарав со нив, без консултација со членовите тој самиот објавил став во името на цело членство од Кавадарци – вели градоначалникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта, додава, не е преку носењето на акцискиот план да видиме полицаец или војник пред секој ковид центар, туку тоа ќе се прави врз основа на оперативните сознанија и потреби.

Спасовски: Полициски час и затворање на државата е опција во наредниот период

Досега не е предложена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затворање...

Министерската за труд и социјала Јагода Шахпаска на своите колеги министри им дала рок од седум дена да се изјаснат за кои сектори недела ќе биде неработен ден.

Дали конечно Недела и во Македонија ќе е неработен ден?

Недела неработен ден: Секое министерство ќе треба да ги приспособува законите за своите...

Жолтата куќа во време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОВК, претежно Срби. Обвинителката Карла Дел Понте беше првата која јавно проговори за злосторствата сторени таму.

Груби за „Жолтата куќа“ ама ангажиран за Хашкиот Трибунал

Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал, а „Жолтата куќа“ не се споменува во...