вторник, 10 декември 2024

MK/ EN/ DE



За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да им биде најубавото време во годината, пишува градоначалникот Митко Јанчев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 јануари, 2022 6:57

Митко Јанчев: Општина Кавадарци организира ручек на градскиот плоштад на 6 јануари

Фото/Текст извор: ©магазин

Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира ручек на градскиот плоштад на 6 јануари од 9 до 14 часот!

Додека повеќето од нас ќе се соберат да го прослават Бадник и Божиќ, да се насмеат и да уживаат на празничната трпеза со семејството и своите најблиски, не смееме да заборавиме на оние кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, не смееме да ги заборавиме оние кои се сами и осамени.

За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да им биде најубавото време во годината, пишува градоначалникот Митко Јанчев.

-Целта е да допреме до овие луѓе и да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кое веруваме ќе стане традиционално.

Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов од ресторан Моклиште, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од цела Македонија, ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, нагласуваат од Општината, набројувајќи ги и другите компании и субјекти кои се вклучиле во оваа акција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.