Јанчев со јавна благодарност до ското цела влада

Објавил: Узунов Бобан | 11 јуни, 2019 14:57

Митко Јанчев јавно се заблагодари на Заев и половина влада за помошта по сообраќајката на неговиот син

Фото/Текст извор: ©фокус.мк/магазин

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, јавно им се заблагодари на премиерот Зоран Заев, на министерот за здравство Венко Филипче, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасов и на вработените во МВР, ЈЗУ Кавадарци, КАРИЛ, УЦ Мајка Тереза и на сите кои посветено си ја извршувале својата работа со цел да се спасат човечки животи.

 
Заблагодарувањето доаѓа по сообраќајната несреќа во која беше повреден синот на градоначалникот и негово другарче. Јанчев за „Фокус” потврди дека денес децата се на пат кон своите домови, по успешните интервенции извршени над нив во Клиничкиот центар во Скопје.
 
Во целост ви го пренесуваме неговото отворено писмо со кое се заблагодарува за успешното работење кое значи спасување на нечиј живот, за организираноста и функционирањето.
 
-Почитувани Секоја професија има свои уникатни вредности кои и даваат белег и исклучителност во нејзиното извршување. Да им се помага на другите луѓе е доблест која некои во исто време ја имаат и како привилегија да биде и нивна професија.
Почитуван Претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев, голема благодарност за Вашата работа и залагање во делот на здравството во нашата земја. Организираноста и функционирањето се заслуга на Вашето успешно менаџирање. Голема е посветеноста на Министерот за здравство г-дин Венко Филипче во постигнувањето на создавање на модерно и функционално здравство со кое ние граѓаните се чувствуваме сигурни.
 
Во оние тешки моменти кога сесоочуваме со некој здравствен проблем и кога имаме потреба од брза интервенција, успешното работење значи спасување на нечиј живот.
 
Почитуван Министер г-дин Оливер Спасовски, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи, ПС ОН Кавадарци, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување ( КАРИЛ), Клиника детска хирургија и Ургентен центар при клинички центар “Мајка Тереза“, од се срце Ви се заблагодарувам за Вашата тимска работа и за подготвеноста да реагирате во критичните моменти.
 
Голема благодарност за Вашата посветеност и професионалност. Вашата жртвуваност за нечиј живот понекогаш ве држи далеку од Вашите семејства, но бидете сигурни дека некој ќе Ви биде благодарен до крајот на својот живот затоа што поради Вас останал да биде дел од своето семејство. Вашата професионалност само покажува дека чекориме напред кон светските стандарди на модерното и напредно здравство. Со почит, Митко Јанчев- наведено е во отвореното писмо од градоначалникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...