Ние ми покажавме на Заев колку го мразиме, а тој го закачи на опаш на мачка и го пушти низ вода!

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 12:36

Михајловски: Да ги смачкаме како шлепер жаба, а потоа пепел да ги направиме!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Бојкот не ни треба зошто тоа ќе биде уште една тиха победа на македонскиот народ, толку тивка што Заев ќе ја заобиколи. Како што ја заобиколи волјата на македонскиот народ на 30 септември. Ние му кажавме НЕ. 1.300.000 бевме против, зошто молчењето никако не е одобрување, вели Михајловски во својот говор во кумановско Диво Насеље.

 

Тони Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој е истакнат актер, театарски, филмски и телевизиски. Исто така работел и како радио и телевизиски водител и стенд ап комичар. Тој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Молчењето е највисок чин на омраза. Ние ми покажавме колку го мразиме, а тој го закачи на опаш на мачка и го пушти низ вода. Сега ни треба крик, кој што ќе му ги распара тие негови тврди уши и барем да биде како планина големо за да не може да ја заобиколи. Да се истопори пред него и да му го земе здивот, да не може да диши. И затоа не ни треба бојкот, ни треба јака победа, смета Михајловски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски лобира за гласање на претседателските избори за кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. На социјалните деновие мрежи се појави видео од негов говор.

„Со среќа нека е работата, со Господ напред, да си победиме, бидејќи ние во Куманово имаме историска задача. Од 1938 година во Куманово не е сменета власта. Значи пред нас е голема голема работа која ќе треба да ја направиме на предвремените парламентарни избори…Ние не дозволуваме некој да ни го испие мозокот, ние срцето си го слушаме. И затоа треба да ги убедите оние кои се двоумат. Возот иде и оваа композиција нема да застане. Оставете го ако седи на раскрсница, оставете го, ќе не стигне. Објаснете му дека во него не умрел Македонецот и дека на 21-ви како шлепер жаба, како што викаше тој нивни претседател, да ги размачкаме, а после тоа пепел да ги направиме, да ги дигнеме и да ги однесе воздухот, вели Михајловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари.

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ЗАБРЧАНЕЦ СЕ ПОФАЛИ НА ФБ: -Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови...