Актерот Тони Михајловски влегува во трката за градоначалник на Куманово, пратеникот Дарко Костовски за Бутел, доктор Александар Стојковски за Ѓорче Петров, Елеонора Рашковска за Берово, Александар Китански-Пехчево, Дејан Владев-Свети Николе.
Ова се дел од 19-те нови канидати за градоначалници со кои ВМРО ДПМНЕ ќе настапи на локалните избори. Партијата ветува промени и нови проекти а убедени се дека само обединета опозиција може да донесе победа.
Во текот на наредната недела и официјално ќе ја објават предизборната соработка со другите партии.
За СДСМ понудените кандидати не се нови лица и се од времето на Груевски.
Во меѓувреме тече рокот за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и за советници.
ДИК соопшти дека собрани се потписи за четири независни советнички листи предводени од Јана Белчева Андреевска за општина Центар, Петар Камчевски и Ристо Сакалиев за Кавадарци и група избирачи предводени од Аки Акиев за Кочани.
Се собираат потписи за уште 22 независни кандидати за градоначалник и членови на советот.Рокот е до 30 август. Од утре започнува увидот во Избирачкиот список кој ќе трае до 9 септември.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.