На Фејсбук Мицкоски напиша дека во текот на 2021 година приходите во буџетот изнесувале околу 3,55 милијарди евра, а расходите биле околу 4,18 милијарди евра.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 јануари, 2022 13:48

Мицкоски: Владата лани секое семејство го задолжи за 77.500 денари

Фото/Текст извор: ©магазин

Во текот на минатата година Владата го зголеми долгот за над 5 проценти, односно секое четиричлено семејство го задолжи за 77,500 денари, пресметал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На Фејсбук Мицкоски напиша дека во текот на 2021 година приходите во буџетот изнесувале околу 3,55 милијарди евра, а расходите биле околу 4,18 милијарди евра.

-Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди евра или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони евра.

Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди евра, што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260 евра или за 77.500 денари, пресмета Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права“, изјави Мицевски!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе поднесат Пратеничката...

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...