-Наместо парите од граѓаните и бизнисот да ги инвестирате за развој во таа држава, вие ги инвестирате за покривање на штетни политики и поткуп, рече Христијан Мицкоски

Објавил: Весна Петровска | 25 октомври, 2019 15:12

Мицкоски: Владата на Заев нè турка во грчко-должничко сценарио

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција ја толкуваше изјавата на меѓунарониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, за грчката телевизија „Скај“ каде тој посочи дека„Никој не може да негира што сум, јас сум Македонец од Македонија“.

Мицкоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ не учествувал во процесот на промена на името и оти Заев треба се срами од она што заев го направи. Според него, Муцунски не кажал ништо лошо.

Ние сме Македонци кои говориме македонски јазик. што е ова спротивно од она што говореше Заев.Мто е ова лошо. Јас македонец кој говори македонски јазик и сум од Македонија-посочи Мицкоски.

Тој на прес конферецијата го искоментира и извештајот на Светската банка за 2020 година.

-Наместо парите од граѓаните и бизнисот да ги инвестирате за развој во таа држава, вие ги инвестирате за покривање на штетни политики и поткуп, рече Христијан Мицкоски

Ај што не знаат да привлечат директна странска инвестиција веќе трета година по ред, еве не знаат. Тоа го заклучуваме и од извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“, и од волуменот на пари кои што се влезени по основ на странски инвестиции. Ај да видиме сега со домашните. Парите ги прибираат, од нас, од економијата, од бизнисот, тие пари влегуваат во буџетот, но нивото на реализација на капиталните инвестиции кои самите на почетокот од годината си ги дефинирале, ги намалија со ребалансот. Зошто? Затоа што тие пари им требаат да ги пренасочат во други политики во отсуство на визија за развивање на сопствената држава, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека овие политики оставаат трајни политики кои ќе мора да ги лечиме.

Овие показатели се јасна насока дека одиме во бездна, во едно грчко-должничко сценарио, но подготвени сме, знаеме како да излеземе од ова, порача Мицкоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави летен Свети Никола

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник...