Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија.

Објавил: Сара Фемина | 18 ноември, 2021 6:17

Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава

Фото/Текст извор: ©магазин

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, изминатите локални избори, како и за очекувањата за наредниот период и формирањето ново парламентарно мнозинство. 

Мицкоски потенцираше дека она кое што се случуваше во Собранието во Република Македонија во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата, односно уште еден доказ за хибридниот режим кој речиси пет години владее во Македонија. Тој додава дека начинот на кој се спречи формирањето на ново парламентарно мнозинство, наликува на недемократските и тоталитарните земји во кои е нормално да се заканувате на пратеници, односно луѓе избрани од народот!

Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија. Мицкоски додаде дека е крајно несериозно после 24 часа од исчезнувањето на Реџепи, тој да излезе со видео порака на која јасно се гледа дека не ги искажува своите ставови, туку чита нешто кое што му било дадено за да се појави пред јавноста.

Кастриот Реџепи беше наместен пред бел зид и му беше даден спремен текст кој требаше да го прочита за да ја увери јавноста дека тој не бил спречен од власта и Заев да дојде на седницата на која требаше да се гласа доверба на Владата. Овој чин уште еднаш го потврди тоталитарниот режим кој владее во земјата и кој Заев сака да продолжи, но тоа нема да му го дозволиме. Инаку, вакви изјави се снимаат во земји како Боливија кога јасно се знае дека некој пратеник или политичар е уценет и киднапиран од одредена политичка структура. Згрозен сум од тоа што се случи тој ден”, вели Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Затоа утре поставете му ги прашањата на Петков на утрешната прес конференција. Ако одговори така како што очекувам, нема да има пречка за првата меѓувладина конференција.

МИЦКОСКИ ЗА ТВ 24: ЌЕ СЕ СРЕТНАМ СО ПЕТКОВ И ОЧЕКУВАМ МАРИЧИЌ ДА ГО СОВЕТУВА ДА НЕ СЕ МЕША ВО МАКЕДОНСКИТЕ ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа ги охрабри...

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...