
Македонија
Вести
Со работна средба стартуваше посетата на владината делагација во Вашингтон. Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по пристигнувањето одржал состанок со Крис Павловски, бизнисмен со македонско потекло со кој разговарале за потенцијално инвестирање од неговата компанија во Македонија.
Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари. Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата, напиша Мицкоски.
Мицкоски како единствен лидер од балканот ќе присуствува на инаугурацијата на 47 претседател на САД што практично утре ќе биде најважниот настан во светот. Според експертите ова е големо охрабрување и за Владата и за македонските граѓани.
Според Ѓорчев, Поддршката од САД ќе биде многу важна особено во делот на проширување за Западен Балкан.
Мицкоски е во друштво на министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Инаугурацијата е закажана за утре , а се најавува присуство на бројни претседатели и премиери, но и први луѓе на светските организации. Засега е јасно дека нема да присуствуваат рускиот и кинескиот претседател, Владимир Путин и Си Џинпинг, а како претставник Кина го испраќа потпретседателот Хан Женг. Нема да оди ниту унгарскиот премиер Виктор Орбан. На инаугурацијата сепак ќе присуствуваат и поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш, и Бил Клинтон.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.