Заложба

Објавил: Калина Мартинска | 29 јули, 2024 14:24

Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средба со претставниците на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија најави намалување на даноците.

„Апсолутно во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот.

Прво намалување премиерот Мицкоски најави на данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра.

Мицкоски: Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот

Прв чекор кон намалуваме на даноците, ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра. Плус, ќе добијат би рекол субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. До сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до 5 проценти“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски ги повика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да инвестираат во државата.

„Затоа ги повикувам, ја користам оваа прилика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот и тука тоа ќе значи и повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ данокот на добивка во Буџетот“, изјави премиерот Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.