Во првите десет години во тој период БДП е зголемен за 4 милијарди 185 милиони евра а долгот за 2 милијарди 720 милиони евра или зголемен е БДП за една и пол милијарда.

Објавил: Перо Милчин | 21 септември, 2021 5:32

Мицкоски го матира Заев: Доста со бајките, цените на млекото, зејтинот, бензините се покачени за неколку пати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Каква е реалноста? Цената на млекото во малопродажба мај 2020 година 45 денари, мај 2021 година 52 денари, тоа е 15,5 проценти зголемување, потоа цената на зејтинот во малопродажба 67 денари, мај 2020 година, сега мај 2021 година 95 денари, тоа е зголемување за 42 проценти.

Каква е цената на брашното, мај 2020 година 34 денари, мај 2021 година 39 денари. Бензинот бил 50, па 69 денари, па 71,5 денари и така натаму. Ова е реалноста, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното телевизиско соочување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Мицкоски посочи дека состојбата со економијата е поразителна, нагласувајќи дека во период од десет години односно од 2007 до 2016 година БДП растел со 3 проценти, додека пак во период од три години додека е Заев и СДСМ на власт истиот растел за 0,5 проценти.

Е сега кога сме кај економијата се подготвува и сакам на македонската јавност реално да и ги прикажам бројките. Анализирани се два периода, првиот период е од први јануари 2007 година до 31 декември 2016 година, десет години опфатен период и вториот период е од први јануари 2018 година заклучно со 31 декември 2020 година. Во првиот период долгот, господине Заев е зголемен за 9,3 проценти, тоа е државниот долг, за 10 години, а во вториот период за 11,8 проценти. Притоа БДП пораснал во овие 3 години за 728 милиони евра, а долгот се зголемил за 1 милијарда и 696 милиони и 100 илјади евра или македонската економија и е одземена вредноста од речиси една милијарда евра, потенцираше Мицкоски.

Во првите десет години во тој период БДП е зголемен за 4 милијарди 185 милиони евра а долгот за 2 милијарди 720 милиони евра или зголемен е БДП за една и пол милијарда.

Значи сега е одземен БДП за една милијарда, а тогаш бил зголемен. И конечно да пресечам БДП просечно во периодот А растел со 3 проценти, а во периодот Б додека вие ја водите владата за 0,5 проценти, што значи шест пати помалку, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Тој одлучи да настапи како независен кандидат без да ја почека одлуката на матичната партија СДСМ, која после тоа го исклучи од членството, а во Куманово одлучи да истрча со Оливер Илиевски.

Димитриевски: Пола МВР е во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното...

Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа...

Во случајот со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски се работеше за спроведување на Законот за спроведување на К-5 Програмата, односно за распоредување на работни задачи на административни службеници, кои се примени на работа, земаат плата, а не работат“, рече премиерот!

Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, вели Заев

Заев: Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, да ги спроведуваат...