Мицкоски го претстави пред охриѓани кандидатот за градоначалник -д-р Кирил Пецаков!

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2021 20:18

Мицкоски го претстави пред охриѓани кандидатот за градоначалник -д-р Кирил Пецаков

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на трибина во Охрид го претстави кандидатот на партијата кој ќе влезе во трката за градоначалник на овој град!

Денеска сме тука во Охрид, продолжуваме со концептот да ги презентираме политиките Македонија за сите луѓе.

Денес тука во Охрид ќе ја имам честа и задоволството да го претставам и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на Охрид, тоа е доктор Кирил Пецаков.

Ќе зборуваме малку за актуелната политичка состојба, ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира и на локално, но и на централно ниво кога ќе ја преземеме владата се разбира од најкорумпираната политичка елита која што некогаш се појавила во независна Македонија.

Првиот проект е мојот данок за мојот проект во мојата општина. Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран.

Еден проект кој што до сега во Македонија не бил запаметен и вториот проект кој што ќе го презентираме е етапното институционалното децентрализирање, односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид, вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање  на институциите, односно институционална децентрализација.

Денеска малку повеќе ќе зборуваме овде во Охрид на таа тема, чувствуваме дека ќе биде интересно и ве поканувам да останете до крај на трибината ќе има што да слушните, рече Мицкоски од Охрид!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Пратеникот истакна примери каде тие ќе поддржат кандидати на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а каде ВМРО - ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од нив.

Милошоски: Заев го чува Филипче за министер поради тендерите во здравство

Пратеникот Антонијо Милошоски на гостување во емисијата „10 минути“ што се емитува...