За нас е важно и покрај сите неуспеси на оваа влада, покрај сите недостатоци кои што се резултат на нивното функционирање изминатите две години да не бидат казнети граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 10 јуни, 2019 21:23

Мицкоски: „Граѓаните на Македонија не треба да бидат казнети поради политиките на СДСМ и Заев„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма Телевизија, рече дека единственото обвинение покренато после 30 јуни 2017 година, е покренато исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е предметот Талир.

Во вечерашната емисија на Телма, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, потенцираше дека целта на тоа обвинение после законскиот рок на СЈО, е тоа што не можат на поинаков начин да го победат ВМРО-ДПМНЕ, и затоа го форсираат тој предмет за најпрвин да му извршат забрана за политичко дејствување, а потоа и да го забранат ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма Телевизија, рече дека единственото обвинение покрената после 30 јуни 2017 година е покренато исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ и тоа е предметот Талир.

Тоа што тужителите од СДСМ и главниот јавен тужител од СДСМ не успеале во рамките на законскиот рок да докажат и да донесат пресуди тоа е нивен неуспех и минус, а притоа потрошиле милиони народни пари и сега бараат продолжување на тој рок за повторно да ги уживаат тие привилегии, изјави Мицкоски.

Христијан Мицкоски рече дека за ВМРО-ДПМНЕ е многу важно интегрирањето на Македонија, во Европската Унија и изјави дека никако граѓаните на Република Македонија не треба да бидат казнети поради политиките на СДСМ и Заев.

За нас е важно и покрај сите неуспеси на оваа влада, покрај сите недостатоци кои што се резултат на нивното функционирање изминатите две години да не бидат казнети граѓаните, да Република Македонија добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија.

Јас самиот ќе поднесам иницијатива до органите на партијата за ВМРО-ДПМНЕ да работи со владата се со цел да се надминат нивните недостатоци и Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија барем до октомври, соопшти Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Претпоставувам дека продолжува Зоран Заев да ги отплаќа долговите практично на она што него го опозиционираше таму каде што е веќе еве трета година по ред во Република Македонија, додаде Мицкоски.

Христијан Мицкоски: „Пописот без консултации е политичка трговија како на зелен пазар„

Во вечерашното гостување во емисијата Топ тема, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски,...

Во емисијата тој исто така ги искоментира и советниците на премиерот Заев кои според Милчин се купени за да ги аминуваат политиките на власта.

ВЛАДИМИР МИЛЧИН: „Собранието се уште го нема преземено својот авторитет„

Во вечерашната емисија на Канал 5 „Само Вистина“ гостуваше режисерот и директор на...

Претседателите на општинските организации се оние што се прво одговорни од аспект на СДСМ на микро ниво, на ниво на општинска организација.

ЗАЕВ: Јас сум прв одговорен во Македонија и граѓаните од мене бараат кадровски решенија!

Во почетокот на јуни премиерот Зоран Заев ќе ја соопшти одлуката кои министри, директори...