Тој исто така посочи дека кога ќе дојде на власт на 12 април, никогаш нема да се меша во судската власт како што тоа досега го правел Заев.

Објавил: Стојче Бушин | 25 февруари, 2020 19:23

Мицкоски грми од говорница: Заев ќе го добие најголемиот пораз од НАРОДОТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Започна протестот на ВМРО ДПМНЕ, кој го предводи лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски од говорницата вели дека ова што се случува во Македонија е мафија, кое како свое царство го негува хибридниот режим на Заев.

Тој исто така посочи дека кога ќе дојде на власт на 12 април, никогаш нема да се меша во судската власт како што тоа досега го правел Заев.

Мицкоски говорот го започна со поздрав до припадницитена МВР. Тој нагласи дека аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е!

„Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците, додека родителите на чедата од Смилковско езеро со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода.

Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев“, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...