Мицкоски посочи да се почека конечно пресудата од второстепениот суд Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек, односно да приложат нови докази.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 мај, 2021 13:27

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот кој го вршат врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, дека изнел различен став од она што било дискутирано, Христијан Мицкоски истакна дека се работи за дволичност и очигледен е притисокот кој  се врши врз Пендаровски, иако на средбата имале усогласен ставови.

Генерално ние внатре се сложивме за се како што кажав и на мојата изјава надвор откако излегов од состанокот којшто го имав со господинот Пендаровски, тоа што го спомнав надвор практично се согласивме и внатре за време на средбата, но очигледен е притисокот којшто се врши врз него, од оние би рекол новинарски пера којшто се под директна команда и влијание на СДСМ и Зоран Заев, но и од медиумите каде што влијанието на СДСМ и Зоран Заев е забележливо и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски, јас го разбирам нормално не можам да  го оправдам бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност, едно лице да имате на средбата, едно да имате надвор пред камерите, но во ред битно е дури ваков притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека сепак доколку имаме нови докази овој случај како и многу други случаи во минатото да започне од самиот почеток. Рече Мицкоски

Мицкоски посочи да се почека конечно пресудата од второстепениот суд Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек, односно да приложат нови докази.

Да го искористат инстурментот вонреден правен лек за да можат понатаму да ги презентираат новите докази пред третостепенипот суд Врховниот Суд или пред европскиот суд за човекови права во Стразбур, такашто на крајот од денот ја сепак сум задоволен затоа што најмалку што во овој момент им треба на граѓаните да слушаат исфрустрирани политичари, туку треба да слушаат и гледаат политичари којшто знаат како да се справат и да ги решаваат проблемите а не да ги создаваат проблемите, во таа насока беше и таа наша вчерашна средба, истакна Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...