Влада

Објавил: Калина Мартинска | 29 октомври, 2024 11:39

Мицкоски дециден: Едно е сигурно, платите на функционерите нема да се зголемат

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека „едно е сигурно“, а тоа е дека функционерските плати нема да се зголемат. Според него, тоа ќе се направи преку корекција на коефициентите на платите.

-Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите, кажа премиерот пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.

Животната средина е приоритет, околу 680 милиони денари добија општините за проекти во оваа област, вели Мицкоски

Беше предвидено платите на функционерите од јануари 2025 година повторно да се зголемат согласно растот на годишната просечната плата, која е основица за пресметување и тоа од околу 330 евра за највисоките функционерски плати за премиерот, претседателот и спикерот, до околу 130 евра за најниските.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.