Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Објавил: Владо Марин | 30 јули, 2021 9:32

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ, преку проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“ вчеравечер го промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски од Прилеп.

Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Денеска се случува со месеци и со години да се чека документ, некако решение или некаква одлука. Со концептот на целосно дигитализирани во општината или дигитална моја општина, тие месеци и години ќе се скратат во денови. Нема повеќе уцени, нема повеќе злоупотреби, процесот ќе биде отчетен и транспарентен за да може секој еден граѓанин да го оствари своето право во општината за неколку дена, да не чека со месеци и со години, тоа е проектот „Мојата целосно дигитализирана општина“, истакна Мицкоски.

Тој кажа и дека со тој проект граѓаните нема повеќе да чекаат на волјата на власта. Нема да има повеќе заборавени или предмети кои се работат со месеци или години. Ќе се зголеми не само ефикасноста, туку и транспарентноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Откако ја поминаа првата бариера поставена од полицијата, дел од лицата се обидоа преку приватни имоти и дворови да стигнат пред зградата на ДУИ.

ХАОС ВО НАЈАВА: Демонстранти во Тетово се судрија со полицијата, бараат оставка од Заев

Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради...

Заев посочи дека двете земји споделуваат уште една стратегиска цел–пристапувањето во членство во ЕУ!

Заев и Курти: Имаме силна политичка волја да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области

Претседателите на Владите на Република Македонија и на Косово Зоран Заев и Албин Курти...