
Македонија
Вести
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната дебата на Само вистина на Канал 5,вели дека тие нема да го прифатат Преспанскиот договор. Тој вели дека тие од самиот почеток се изјасниле дека тоа за нив е капитулантски чин.

Мицковски го осудува Заев дека не ги заштитил националните и државните интереси туку се одрекoл од се што е македонско, со потпишувањето на договорот од Преспа.
-Тука сме кристално јасни дека таа содржина на договор не само што не ги заштитува нашите национални интереси туку напротив вековно се одрекува. Според овој договор ние сме Македонци како во резерват во овие 25 илјади квадратни километри, вели Мицкоски.
Мицкоски на премиерот Заев му посочи дека ги предал Македонците но и ги избришал корењата на неговите и на сите деца во Македонија.
-Не господине Заев, вие им ги избришавте корењата на нашите деца, нагласи Мицкоски.
Претседателот на опозициската партија Мицкоски, додаде дека тие ќе работат напорно и ќе ги исправат сите грешки од договорот и сите штети кои ги нанесе владеачката партија на државата, односно како што рече тој ништо не готово иако некои ве убедуваат дека се е завршено.
Претходно премиерот Заев изјави дека ВМРО ДПМНЕ цело време го штити криминалот и го обвини Мицкоски дека не сака нашата земја да добие преговори за НАТО И ЗА ЕУ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.