Тој понатаму продолжува дека полусрамежливото кажување дека БАНУ не е во право, нема да спречи вакви или други тендеции.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 22:08

Мицкоски до Заев: Да го заштитиме македонскиот јазик, виткањето кичма ништо добро не донесе на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ја следам онаа дебата каде Зоран Заев со полуплашлив тон ќе каже дека допрва ќе одлучуваат, како да одлучат за да ја демантираат одлуката на БАНУ. На ова ќе потсетам претходеше и Резолуција во Бугарскиот Парламент со која се спореше македонскиот јазик, ова денеска во свој статус на Фејсбук го пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил се обрати до премиерот Заев

-Сето ова остана незабележано и без реакција на македонската држава. Впрочем, вината не треба да се бара во соседите, тие лошо би се бореле за своите интереси ако не искористат ваква катастрофална пластелин политика на нашата Влада, каде основата на се е виткањето на кичмата. Арно, но таквото виткање цели три години наместо гигантски чекори напред, какви што ветуваа, ни испорачува гигантски тресок на дното. За само три години, речиси и да нема сегмент од темелите на Македонија кој Заев и оваа Влада не започна да го разјадува и доведува во прашање. Не е до соседите, до Заев е, пишува Мицкоски.

Тој понатаму продолжува дека полусрамежливото кажување дека БАНУ не е во право, нема да спречи вакви или други тендеции. Јас пред два месеци дадов иницијатива, и сега ќе ја реактуелизирам во македонското Собрание да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита и потврдување на посебноста и автенткчноста на македонскиот јазик. Впрочем, таквата Резолуција нема да значи никаква претензија, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други, по кои се препознаваме и разликуваме од останатите.

-За ваквата Резолуција е добро да се изјасни и Зоран Заев, и се надевам дека овој пат нема да се двоуми и молчи како што тоа го прави за предлогот за ограничување на амнестијата, испитување на имот на политичарите, кандидат мандатар и измени на Законот за јазици во склад со Венецијанската Комисија и Уставот. Се надевам дека барем малку ќе се издигне над дневната политика и ќе се стави на страната на националните интереси, стои во неговиот пост на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата.

Вице Заев: ВМРО ДПМНЕ да ги докаже тврдењата против мене

Братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев, преку писмена реакција до јавноста, ги демантира...

Неговиот коментар доаѓа откако Мицкоски денеска во во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада или понеси одговорност

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков го...

Ех драги мои затунцанки бивши соборци. Муви имате уште за лапање. Скријте се таму и удавете се во својата пизма и завидл'к. Со задоволство ќе ви помогнеме 

Апасиев: Затоа ме мразат поише од Грујо!

  Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој e особено активен на социјалните мрежи,...